Свет

Невреме во Словенија: Едно лице загина во Блед

Невреме во Словенија: Едно лице загина во Блед

Невремето што ја зафати Словенија во средата попладне пред да удри во Хрватска, однесе еден живот во Блед, јави словенечката полиција, а пренесе агенцијата СТА.

Едно лице загина во Блед од паѓање на дрво, а друго е повредено. Две лица се повредени во удар на гром во кампот кај Мозирје на северот на Словенија.

Голема материјална штета е забележана низ целата земја, јавува агенцијата СТА.

Град со големина на тениско топче падна во близина на Метлика, а илјадници луѓе останаа без струја, иако извештаите од електростопанството укажуваат дека прекините на струјата главно биле привремени.

Пожарникарите интервенирале во блискиот камп Менина, каде дрво паднало врз два шатори и автомобил, но за среќа нема повредени.

Пожарникарите од околу 300 противпожарни служби отстрануваат паднати дрвја, електрични и телекомуникациски столбови, покриваат отворени покриви, пумпаат вода од поплавените згради и патишта и учествуваат во евакуацијата на граѓаните од загрозените подрачја.

Во Љубљана ветерот го откорнал металниот покрив на стадионот на Плечник, а во Целје од фудбалскиот стадион.

Ова е второ силно невреме што ја зафати Словенија за помалку од 24 часа.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни