Македонија

Двајца загинати за еден месец, узурпирани и скршени столбовите околу велосипедските патеки низ Скопје

Двајца загинати за еден месец, узурпирани и скршени столбовите околу велосипедските патеки низ Скопје

Повеќето пластични столбови околу велосипедските патеки во општина Чаир се искршени за да можат да се паркираат автомобили.

Ова претставува проблеми за велосипедистите и пешаците, кои наместо на патеката, мораат да возат и одат по коловозот со што го ставаат во опасност својот живот.

Секојдневно во полициските билтени можат да се видат повредени пешаци, а не ретко загрозени се и оние кои возат тротинети.

Во извештајот на месец јуни тешко е повреден 76-годишен велосипедист, додека во болница завршило уште едно дете. Во јуни како последица на тешки повреди загинаа и двајца велосипедисти.

Иако од општината Чаир неколку пати се отстрануваат синџирите, сепак узурпаторите ги враќаа на место.

Извор: Клан

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни