Единаесет лица загинаа при уривање на покрив од гимназија во средно училиште во градот Кикихар на крајниот североисток на Кина, соопштија денеска локалните власти.
Инцидентот се случил во неделата, а последната жртва била извлечена од урнатините во понеделникот рано наутро, пренесува АП.
Официјалната кинеска новинска агенција Ксинхуа јави дека уривањето на кровната конструкција е резултат на градежните работи што се изведувале во училиштето, бидејќи работниците складирале градежни материјали на покривот на гимназијата.