Свет

„Граѓани за време на корона кризата останале без работа, па си ги продавале бубрезите“: Полицијата во Индонезија уапси дилери на човечки органи

Индонезиската полиција соопшти дека уапсила 12 лица како дел од истрагата за нелегална трговија со човечки органи.

Во него беа вклучени и полицајци и службеници за имиграција, сега обвинети дека им помагале на трговците со луѓе да испратат 122 Индонезијци во болница во Камбоџа за да ги продадат своите бубрези.

Полицијата ќе продолжи да ги сузбие организациите за шверц на луѓе кои илегално тргуваат со човечки органи, изјави директорот на генералниот криминал на полицијата во Џакарта, Хенгки Харијади.

Тој рече дека сите 122 жртви се вратиле во Индонезија, а полицијата се уште трага по други жртви чие сведочење ќе побараат истражителите.

„Повеќето од жртвите останаа без работа за време на пандемијата и се согласија да го продадат својот бубрег затоа што им требаа пари“, рече Харијади, додавајќи дека шест жртви сè уште се под медицински надзор.

Деветте осомничени и самите биле жртви на трговија со органи и се обвинети дека намамиле луѓе од Индонезија преку социјалните мрежи да им ги отстранат бубрезите во Камбоџа, рече Харијади. Десеттиот осомничен е обвинет дека ги испратил во болница во главниот град на Камбоџа, Пном Пен, за трансплантација на бубрег.

Тој рече дека прометот на групата од илегалната трговија со човечки органи заклучно со 2019 година бил околу 24,4 милијарди рупии (1,4 милиони евра), додека на секоја жртва и биле ветени 135 милиони рупии (8.000 евра).

Полицаец во Бекаси, службеник за имиграција на Бали и 10 трговци со луѓе, од кои тројца беа уапсени во Камбоџа, се дел од шверцерска банда која ги таргетира невработените сиромашни, рече Харијади.

Уапсените се осомничени за кршење на индонезискиот закон за трговија со луѓе и се соочуваат со максимална затворска казна од 15 години и парична казна до 600 милиони рупии (околу 35.000 евра).

Полицаец од Бекаши, наводно, добил 612 милиони рупии (36.000 евра) бидејќи им помагал на трговците да се движат од место до место за да избегнат полициска истрага, а бил обвинет и за попречување на истрагата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни