Хрватскиот министер за внатрешни работи Давор Божиновиќ потврди дека денеска се уапсени две лица под сомнение дека имаат врска со пожарот на островот Чиово.
Тој рече дека станува збор за странци кои остануваат на работа во Хрватска, но не сакаше да ги прејудицира резултатите од истрагата.
Според сплитска Слободна Далмација, уапсени се двајца албански државјани кои имаат работна дозвола и легално се во Хрватска, а изведувале градежни работи на куќа.
Тие се приведени во Полициска станица каде против нив се води кривична истрага.
Весникот пишува дека досегашната истрага утврдила дека пожарот избувнал во близина на куќата во која работеле, а причината за пожарот ќе ја утврди натамошната истрага.
Големиот пожар на хрватскиот остров Чиово се уште не е ставен под контрола, но пожарникарите успеале да го опколат и да го свртат кон морето, спроти куќите.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, околу пладне дошло до мало разгорување на пожар во јужниот дел на пожарното подрачје, но ништо не е загрозено.
Во гаснењето учествуваат два „земјени трактори“ и еден „канадар“, заедно со сили кои дејствуваат од земја и се постојано на теренот. Пожарот кај Чиово избувна вчера доцна попладне.