Свет

Путин му подари неверојатен подарок на претседателот на Зимбабве, ќе го преименуваат во „Х“

Путин му подари неверојатен подарок на претседателот на Зимбабве, ќе го преименуваат во „Х“

Рускиот претседател Владимир Путин му подари хеликоптер на својот колега од Зимбабве Емерсон Мнангагва.

Како што пренесуваат медиумите, на овој начин Москва бара поблиски односи со таа јужноафриканска земја, која исто така е под тешки санкции.

Министерството за информации на Зимбабве објави на Твитер дека подарокот ќе биде преименуван во „Х“.

Се вели дека „претседателскиот хеликоптер“ наскоро ќе биде испорачан во Зимбабве.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни