Свет

Силната бура остави повеќе од 200.000 домаќинства во САД без струја

Силната бура остави повеќе од 200.000 домаќинства во САД без струја

Силното невреме остави повеќе од  200.000 домаќинства без струја во главниот град на САД – Вашингтон и неговата околина, пишува Вашингтон пост. Без струја се и жителите на сојузните држави Вирџинија и Мериленд.

Во главниот град има паднати дрвја и оштетени домови.

Во сојузниот округ Колумбија две лица се повредени кога дрво паднало врз нивниот автомобил. Еден од нив е во тешка состојба.

Налетите на ветрот достигнаа 37 метри во секунда, според Националната метеоролошка служба. Невремето беше придружено со силен дожд.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни