Мајка на две деца пред неколку дена доживеала вистински хорор откако се качила во автобус!
Имено, таа успеала да внесе едно дете кое било во количка, а само што сакала да се сврти и да се врати да го земе постарото дете кое било пред вратата на автобусот, возачот ја затворил вратата!
– Возило на линија 511. На станицата кај Шеќерана од третата врата влезе жена ми со две деца, едното дете беше во количка. Прво ставила дете во количка во автобусот, а пред да направат чекор, возачот ја затворил вратата и си заминал, додека другото дете останало само на станицата – напишал овој татко на „Српски Белград“.

Тој додаде дека неговата сопруга врескала да застане и дека детето останало само на станицата, возачот застанал само на надвозникот кај мостот Ада.
– Детето доживеало сериозна траума. Се е пријавено! – се наведува во ова соопштение.
Ваквото однесување на возачот налути многу корисници на социјалните мрежи.
– До кога ќе го трпиме теророт на поединечни возачи – праша еден корисник на социјалните мрежи.