Еден од најпознатите тениски судии Мохамед Лајани ги изненади сите присутни за време на финалето на турнирот во Хамбург.
Александар Зверев ја оправда улогата на фаворит и во два сета го совлада Ласло Џере, а на натпреварот за трофејот на турнирот во категоријата 500 е забележана несекојдневна ситуација.
При резултат 7:5, 4:1 за Германецот, шведскиот судија побара медицински тајм-аут. Отпрвин никој не разбрал што се случува, а потоа Лајани се симнал од столот и му се обратил на докторот.
Тогаш стана јасно дека тој е оној на кој му треба помош, а не еден од тенисерите.
Лајани го соблече десниот чевел, а по се изгледа имаше проблем со плускавец поради што му беше сменет фластерот.
Medical Timeout For…Mo? 🤔#Hamburgopen pic.twitter.com/rT9hYyD8jR
— Tennis TV (@TennisTV) July 30, 2023