Свет

АПОКАЛИПСА ВО ИТАЛИЈА: Страшен порој носеше се пред себе – оштетени патишта, мостови, автомобили и куќи

АПОКАЛИПСА ВО ИТАЛИЈА: Страшен порој носеше се пред себе – оштетени патишта, мостови, автомобили и куќи

Драматична снимка од Италија, која денеска беше споделена на социјалните мрежи, покажува како изгледаше поројот кој однесе се пред себе, вклучително и дрвени мостови во невремето што синоќа го зафати Јужен Тирол, на северот на таа земја.

Надојдениот планински порој се случи за време на бура што зафати неколку области, главно областа Трентино-Алто Адиѓе, во долината Пустериа.

Според извештаите на локалните медиуми, потоците, од кои најголем е Фуркелбах, во општината Оланг во близина на границата со Австрија, се претвориле во порои кои носеле дрвени мостови и автомобили од улиците, додека водата допирала до локалните куќи.

Како што претходно пишуваше „Блиц“, силното невреме со грмежи предизвикало голема штета, но нема повредени, пренесе агенцијата „Анса“.

Патиштата се блокирани од кал и отпад што зад себе ги остави поројот.

Второ излевање за една година

Под страшните снимки кои денеска беа споделени на социјалните мрежи се огласија жителите на ова место и споделија снимки од планинскиот порој кој пред само една година следеше обилни дождови и невреме и остави слични последици.

На снимката се гледа дека поројот на реката Адиџе се спуштил од блиските планини и однел се пред себе.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни