Свет

ПОЧИНА ПОЛ РУБЕНС: Познатиот актер ја загуби битката со ТЕШКАТА БОЛЕСТ

ПОЧИНА ПОЛ РУБЕНС: Познатиот актер ја загуби битката со ТЕШКАТА БОЛЕСТ

Пол Рубенс, познат американски актер, почина на 70-годишна возраст, по битка со тешка болест.

Како што пренесуваат светските медиуми, Рубенс, кого светот го познаваше како одличен комичар, писател и продуцент, се борел со ракот.

Рубен почина во неделата.

„Синоќа се простивме од Пол Рубенс, легендарниот американски актер, комичар, писател и продуцент, чиј сакан лик Пи-ви Херман воодушеви генерации деца и возрасни со неговата позитивност, каприциозност и верба во важноста на добрината“, се вели во изјава на неговиот официјален Инстаграм профил.

Наводно, Пол со години се бори со тешка болест, далеку од очите на јавноста.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни