Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Балкан

Страшни сцени по тешка сообраќајка на автопатот кон Нови Сад: Полицијата го регулира сообраќајот

Страшни сцени по тешка сообраќајка на автопатот кон Нови Сад: Полицијата го регулира сообраќајот

Стакло и делови од возила се расфрлани на автопатот Белград-Нови Сад, кај клучката Нови Бановци, каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа.

Како што дознава Телеграф.рс, во несреќата се повредени шест лица, кои се пренесени во здравствените домови во Инѓа и Стара Пазова, а засега не се знае степенот на нивните повреди.

Во несреќата учествувале камион и четири патнички возила. Се се одвивало во работната зона, но што точно се случило ќе се утврди дури по истрагата.

Според неофицијални информации, патничко возило наводно ненадејно влегло во сообраќај од лентата за застанување во моментот кога се приближувало камион, а потоа дошло до верижен судир.

Веднаш по несреќата патот бил затворен во двата правци, но според нашиот известувач сега сообраќајот е пуштен, но се одвива многу отежнато.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни