Балкан

Голем пожар кај Подгорица, пожарникарите на терен

Голем пожар кај Подгорица, пожарникарите на терен

Голем пожар избувна во Долјани, а екипи на Службата за заштита и спасување на главниот град се на терен, пишува Вијести.

Од таа служба на Фејсбук изјавија дека во 20 часот и 14 минути биле известени дека во Долјани гори ниска вегетација.

На лице место се испратени пет екипи со петнаесет пожарникари.

„Кога дојдовме на местото на настанот затекнавме пожар од големи размери, кој се ширеше поради засилениот ветер. Припадници на Службата се на терен за локализирање на пожарот“, се наведува во соопштението.

Ноќно студио

Најнова епизода

Петровска: Побаравме оставка од Филипче, нема разлика во цената за „Леонардо“ | Ноќно студио

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни