Утринава во 4 часот започнала операцијата за пребарување на нерегуларни мигранти во шумскиот предел кон границата со Унгарија, на територијата на градот Суботица, дознава Телеграф.рс.
Во акцијата учествуваат повеќе од 800 припадници на МУП, САЈ, Жандармерија, ИЈП, АТГ, Полициска бригада, УКП, УГП, Управа за техника и ПУ Суботица.
Претресот ги опфати Макова Седмица, Јасеновачка сума, Трешеште и населба Хајдуково.
Целата акција ја следеше министерот Братислав Гашиќ, кој цела ноќ беше на терен со припадници на МУП.
Акцијата се уште е во тек.