Свет

Први резултати од изборите за ЕП: Македонка и Албанка станаа европратенички

Европскиот Парламент ги објави првите прелиминарни резултати за изборите за Европарламентот. Резултатите говорат дека земјите-членки на ЕУ гласале за екстремната десница и дека во Германија партијата на канцеларката Ангела Меркел, ЦСУ-ЦДУ, добила околу 28% од гласовите. Во Австрија, десничарската ОВП добила 34.50%, додека левицата 23.50% од гласовите. Во Франција, екстремната десница води со 23.25%, зад која следи групата на претседателот Макрон со 19.20%. Во Ирска победничка е десничарската ФГ со 29%, а социјалдемократите добиле 15% од гласовите. Во Кипар победничка е десничарската конзервативна партија со 31.80%, левицата освои 26%, додека националистите пак, 11.90%. Во Малта исто така победник е десничарскиот кампус со 55%, а левицата пак 37.80%. Исто така, во Италија триумфира десницата. Европските избори во Италија ја потврдија партијата на Матео Салвини, како прва политичка сила во земјата.

Најголем раст од сите политички групи имаат Алијанса на либералите и демократите за Европа. Ен Марче на Претседателот Макрон е зајакната за 38 пратеници, односно од 69 во 2014-тата, на 107 пратеници на овие избори.

Овие избори покажаа зголемување и на излесноста на гласачите во последните 20 години, достигнувајќи до 50.5%.

Во Европскиот парламент за прв пат ќе има пратеник со албанско потекло. Арба Кокалари која е од Умерената партија на Шведска. Оваа партија освои 17.6% од гласовите, освојувајќи вкупно 4 европратенички места. Во текот на кампањата Кокалари вети дека ќе биде гласна за интеграција на Албанија во ЕУ. Со ова мото, таа го побара гласот од Албанците кои живеат во Шведска.

Еден мандат доби и десничарката од Словенија, Ирена Јовева. Таа има потекло од Македонија, а пораснала во Нова Горењска во Словенија. Во изминатиов период таа даде поддршка за промена на името на државата во Северна Македонија.

На изборите за Европскиот парламент оваа година имаше доста албански кандидати. Тие претставуваа повеќе држави како Грција, Италија, Белгија и Шведска.

РЕПОРТЕРКА: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ

The post Први резултати од изборите за ЕП: Македонка и Албанка станаа европратенички appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни