Грчката влада ќе им понуди една недела бесплатен одмор на Родос на оние туристи кои беа принудени да го прекинат престојот на островот поради разорните пожари , најави денеска грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.
– Грчката влада во соработка со локалните власти ќе понуди една недела бесплатен одмор на Родос следната пролет или есен за сите кои го пропуштија поради пожарот – изјави Мицотакис во гостувањето на британскиот канал ITV.
ој истакна дека големите пожари отсекогаш се случувале на Медитеранот, но дека нивниот обем е зголемен во последните години поради климатските промени.
– Имавме разорен пожар на Родос, но денес островот се врати во нормала и нема активен фронт – рече Мицотакис и нагласи дека при пожарот нема човечки загуби, а нема информации за повредени.
– Успеавме да евакуираме 20.000 луѓе со големи безбедносни мерки – додаде тој.