Тоа било првото капење на бебето, а кога таткото ја забележал желката, брзо ја извадил од морето и и ја дал на мајката.
М.М.(32) од Трогир, кој дошол на одмор со својата девојка и шестмесечното бебе, имал непријатна средба со желка во Слатине, Хрватска, пишува Слободна Далмација.
„Пливавме со малата, полека отидовме во длабочината и додека постојано нуркам во тој дел под малата, веднаш ја забележав. А што да ви кажам, средба очи во очи со 50- килограм желка. Познавачите велат дека со оглед на толку килограми таа е прилично стара. Се работи за женка, а претпоставувам дека некаде ги снела јајцата. Оттука и нејзината агресивност“, изјави М.М.
Тоа било првото капење на бебето, а кога ја забележал желката, брзо ја извадил од морето и и ја дал на мајка си.
„Замислете само да го гризнаше моето малечко, немаше да можам да си го простам тоа. Брзо и реков на девојчето да побегне од водата со малото, што и го направи, а потоа желката ме зграпчи. Сето ова се случи околу шест часот на длабочина од седум метри“, рече тој.
Додава и дека нејзината глава била како две човечки глави и дека била целосно покриена со остриги.
„Излегов од морето на кратко, да ги проверам вознемиреното девојче и бебето, а потоа повторно се вратив во морето, на местото на „средбата“. Таа повторно ме следеше, а јас успеав да снимам неа, бидејќи никој не ми веруваше“, додаде тој.
За среќа, желката не го каснала и не го повредила, како што било случај со жена која пливала на плажа во Чиово кога желка ја нападнала во плиткото.
“Ја гризна над грбот и остави голема трага. Беше долга од 80 до 100 сантиметри. Раната веднаш искрвари и помодре”, рекол нејзиниот сопруг.
Желките нормално не напаѓаат луѓе, но ако се почувствувала загрозена поради снесените јајца, никогаш, заклучува М.М. не знаеш што да очекуваш.