Балкан

Девојче (14) загина во сообраќајка кај Шабац: на неа налетал автомобил додека возела велосипед, возачот (22) приведен

Девојче (14) загина во сообраќајка кај Шабац: на неа налетал автомобил додека возела велосипед, возачот (22) приведен

Девојка (14) загина синоќа околу 21 часот во градот Богошавац кај Шабац, на локален пат, кога на неа налетал автомобил додека возела велосипед.

Малото девојче Л.Ц. (14) загина синоќа во местото Богошавац кај Шабац кога на неа налетал „форд фиеста“ управуван од Л.М.(22), додека возела велосипед. Девојчето со тешки повреди било пренесено во болницата во Шабац, каде што им подлегнала на повредите.

На возачот му било извршено алкотестирање и било констатирано дека во телото има повеќе од 1 промили алкохол. Во полиција му е одреден притвор до 48 часа, по што ќе биде спроведен во надлежното обвинителство.

Девојката возела велосипед кој не бил соодветно осветлен на дел од патот кој не е добро осветлен и каде возачите често ја зголемуваат брзината.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни