Австрискиот Парламент изгласа недоверба на преодната влада на канцеларот Себастијан Курц. Со падот на Владата, Курц влегува во историјата како канцелар кој поминал најкратко време на таа должност, пократко и од претходниот рекордер Кристијан Керн. Курц до денеска беше вкупно 525 дена на функцијата премиер. Инаку, претседателот на Австрија Александер ван дер Белен се изјасни против уривање на преодната влада и при полагањето заклетва на новите министри апелираше до политичарите да не размислуваат партиско-политички, туку државотворно до предвремените избори. По одлуката на Парламентот, тој ќе го довери мандатот за формирање нова влада на некој друг. Гласањето следува по скандалот со видео снимката која се најде на интернет, а во кој беше вмешан коалицискиот партмер на Себастијан Курц. Во видеото снимено на Ибица двајца функционери ветуваат на руска бизнисменка поволности во Австрија со јавни набавки доколку финански им помогне да дојдат на власт.
The post Падна владата на Себастијан Курц – премиер со најкраток мандат во историјата на Австрија appeared first on ТВ21.