Со хеликоптер Ми-8 во сопственост на Бугарија, денеска издобениот бугарски навивач е пренесен во Воената медицинска болница во Софија, дознава 4NEWS.mk
„Екипата беше состав д-р Александар Соколов и наредникот Марија Борисова, медицинска сестра за летање, од модулот за евакуација на Воено медицинските модуларни формации“, велат од бугарската влада.
Инцидентот се случи пред средбата меѓу Шкупи и Левски од Конференциската лига на 27 јули во Скопје. Натпреварот беше проследен со тензија и судири.
Тогаш 29-годишниот бугарски фудбалски навивач на „Левски“ бил избоден со нож. Тогаш обвинителството во Скопје презеде мерки против четворица македонски државјани за кои се води истрага за учество во инцидентот во кој беше повреден Бугаринот.
Состојбата на пациентот е стабилна, без животна опасност.