А.Г. (18) загина синоќа при пад од зграда во Приштина.
Се сомнева дека тинејџерката паднала од осми кат од зградата, при што се здобила со тешки телесни повреди кои биле смртоносни. Итно била препратена во Универзитетскиот клинички центар на Косово, но лекарите не можеле да ја спасат, а од здобиените повреди починала.
Засега не се познати мотивите и околностите на настанот, а полицијата покренала истрага за расветлување на овој тежок случај, пренесува Албански Индекс онлајн.
Според полицијата, околу 20 часот и 30 минути било пријавено дека едно лице паднало од зграда во Приштина. Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и повикала итна помош, која констатирала дека станува збор за жената на возраст од околу 18 години, која била во несвест.
Полицијата почнала да работи на целосно расветлување на сите околности кои го карактеризираат настанот.