Балкан

ВИДЕО Петмина повредени во судар на два автомобили синоќа во Хрватска: Тројца загинати, двајца се борат за живот

ВИДЕО Петмина повредени во судар на два автомобили синоќа во Хрватска: Тројца загинати, двајца се борат за живот

Синоќа околу 22:45 часот на автопатот А1 кај излезот Равча во правец кон Дубровник се случила сообраќајна незгода, судир на два автомобили, извести полицијата утринава.

Три лица починале на местото на настанот, додека две биле пренесени во болница и биле констатирани повреди опасни по живот. На местото на инцидентот е спроведена истрага, предводена од заменикот на општинското државно правобранителство.

Повеќе информации ќе има во претпладневните часови.

Истрагата траеше со часови и се уште нема повеќе информации.

На местото на настанот имало неколку противпожарни возила и неколку возила на брза помош.

Делницата од автопатот меѓу Загвозд и Равча во правец кон Дубровник беше затворена со часови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни