Балкан

Едно лице загина, 17 се повредени во престрелка во ресторан во центарот на Приштина

Едно лице загина, 17 се повредени во престрелка во ресторан во центарот на Приштина

Во приштинскиот локал „Бон Вивант“ во пукотница што се случила нешто пред полноќ, еден маж загина, а 17 лица се повредени.

Како што потврдија од косовската полиција, се работи за лица на возраст од 20 до 40 години.

Портпаролот на Регионалната полиција на Приштина, Агрон Боровци, за медиумите изјави дека околу 23 часот и 30 минути било пријавено пукање во кафеана на улицата Реџеп Луча во Приштина.

„Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и според првичните информации се сомнева дека некои се повредени од огнено оружје, а други од фрагменти од стакло“, рече Боровци.

Тој изјави дека во моментов најмалку две лица се осомничени дека се инволвирани во тој случај, а се откриваат и други можни осомничени.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни