Македонија

Бившото момче и неколку други лица држеле данска државјанка во Гостивар – полицијата ја пронајде!

Бившото момче и неколку други лица држеле данска државјанка во Гостивар – полицијата ја пронајде!

На 04.08.2023 во 20.30 часот во с.Палатица, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против нејзина волја е задржана во Гостивар.

Според пријавеното, тоа било организирано од нејзиното поранешно момче и други лица од Данска.

Јавен обвинител извршил службен разговор со неа и се работи на расчистување на случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни