Силно невреме пропратено со силен дожд, бурен ветер и град ја зафати Србија, најпрвин нејзиниот западен дел, но набрзо стигна и до Белград.
Горњи Милановац, селата Коштуниќи, Прањани, Леушиќи и Теоцини, општините Уб и Лајковац и Обреновац беа првите мети на невремето.
Невремето го погоди Белград по 14 часот, кога се стемни среде бел ден.
Дуваше силен ветар кој однесе покриви и корнеше дрвја.
Имаше и град со големина на орев и врнеше како „водопад“.
Во улицата Сараевска, во Земун и во Нов Белград падна град со големина на ореви. На видеото се гледа тераса која целосно побеле од градот.