Сообраќајна несреќа на автопат во Хрватска, загинаа три лица.
На автопатот во Хрватска, кај излезот Равча, синоќа околу 23 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, јавува Индекс.хр.
Според информациите, во судирот учествувале два автомобили БМВ и Фолксваген. Во БМВ-то било четиричлено семејство од Косово, каде мајката и девојчето починале на лице место, додека синот и таткото со тешки повреди се пренесени во сплитската болница.
Во несреќата загинал и возачот на автомобилот „фолксваген“ (33).
„Бмв“ од силината на ударот заврши на својот покрив, а „фолксваген“ остана без половина од предниот дел на возилото. Не е познато што и претходело на несреќата.