Силно невреме го зафати главниот град на Србија.
Белград го зафати огромно невреме кое беше пропратено со силен ветер, црни облаци и мразулци со големина на јајца.
Снимката од Ада Циганлија која стана вирална на социјалните мрежи изгледа како сцени од апокалиптичен филм.
Огромни мразулци паѓаат во водата и оставаат морничава глетка, додека ветрот урива чадори од околните кафулиња.