Балкан

Одмор од пеколот: Девојка претепана од тројца мажи на Крит, полицијата трага по нив

Одмор од пеколот: Девојка претепана од тројца мажи на Крит, полицијата трага по нив

Неименувана девојка по потекло од Србија пријавила дека ја претепале тројца мажи од Франција со кои дошла на одмор на Крит. Мажите исчезнале по инцидентот, а оттогаш полицијата интензивно трага по нив, пишува Cretalive.gr.

Како што пишува Блиц, српската државјанка со возило на брза помош била пренесена во болница, каде по нападот и била прегледана. Според првичните информации таа се здобила со бројни видливи повреди по телото, меѓу кои и скршеница на носот.

Како што пренесува Нет.хр, Србинка и тројца мажи од Франција пристигнале на Крит на 3 август, а според грчките медиуми, утре требало да го напуштат популарното летувалиште.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни