Девојка (20) се породи денеска на платформата за пристигнување на автобуската станица во Белград.
Како што соопштија за Танјуг во Итната помош, екипа на таа служба излегла на терен и ги пренела девојчето и бебето во гинеколошко-акушерската амбуланта „Народни фронт“.
Од МУП за Танјуг велат дека полициско обезбедување вработено на автобуската станица во Белград после 13 часот пријавило дека девојче се породило во тоалетот на платформата за пристигнување.
Полицијата веднаш излегла на терен.
Од МУП додаваат дека се родило момче.
Како што изјавија за Танјуг во ГАК „Народни фронт“ момчето и мајката се добро.