Балкан

ХЕРОИНА: Здравка грабна бебе од ВЦ шолја на автобуска станица – „беше црна, јас ја оживеав“

ХЕРОИНА: Здравка грабна бебе од ВЦ шолја на автобуска станица – „беше црна, јас ја оживеав“

Здравка Рутиќ, работничка на белградската автобуска станица, херојски влета во кабината во која се пораѓаше девојчето, го извлече новороденчето од тоалетот и го оживеа.

„Беше неописливо. Го повикав обезбедувањето, земав ракавици и влегов. Да не го земев бебето ќе умреше. Ја оживеав, беше црна и голтна вода“, изјави Здравка Рутиќ за „Телеграф“.

Ја најдовме Здравка како „доаѓа при себе“, со шеќер и вода.

„Убаво е, но јас сум под стрес“, додава таа.

За сето тоа време обезбедувањето било во контакт со Итната помош.

Требало да се пресече папочната врвца и докторот по телефон дал инструкции на обезбедувањето.

Од Итна помош ми рекоа дека можеме слободно да ја врземе папочната врвца со завој, не е важно во која должина, само да ја прекинеме врската помеѓу бебето и мајката“, вели колешката на Здравка.

„Се е во ред, бебето плачеше, нормално. Мајката се исплаши, тоа е млада жена“, опишува работникот.

Оваа жена се породила околу 13 часот во тоалетот на автобуската станица, каде се пресоблекувала на пат од Ковин кон Куршумли.

Беше со мајка и.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни