Италијанец бил убиен од илјадници ролни со сирење кои паднале врз него откако се олабавила полица во магацин во Ломбардија.
Падот предизвикал домино ефект поради што пропаднале околу 25.000 парчиња сирење, тешки по околу 40 килограми.
„Џакомо Чиапарини (74) почина кога се откачи полица во неговиот магацин во Ломбардија“, изјави за AFP пожарникар Антонион Дуси.
Дуси изјавил дека биле потребни 12 часа за да се извади телото на Кјапарини.
Некои од сирењата паднале од висина од околу 10 метри, а еден локален жител за италијанските медиуми изјавил дека сирењето што паѓало звучело како гром.
Во магацинот, во областа Романи ди Ломбардија, на околу 50 километри источно од Милано, имало 25.000 тркала сирење „Грана Падано“, кое е тврдо сирење кое наликува на пармезан и е многу популарно во Италија.