Бројот на загинати во неодамнешните поплави во кинеската престолнина се искачи на 33, вклучително и пет спасувачи, додека уште 18 лица се водат како исчезнати, соопштија властите.
Поројниот дожд особено ги погоди областите во планинските западни предградија на Пекинг, предизвикувајќи уривање на 59.000 домови, оштетени 150.000 и поплавување на повеќе од 15.000 хектари обработливо земјиште, соопшти градската влада, пренесе АП.
Оштетени се голем број патишта, како и повеќе од 100 мостови, изјави денеска на прес-конференција заменик-градоначалникот на Пекинг, Ксија Линмао. Тој изјави дека спасувачките напори се уште се во тек.
Со оглед на нивото на штета, може да потрае до три години за целосно обновување на сите функции, рече Ксиа. Други делови на Кина, исто така, доживеаја големи поплави, делумно поради ударот на тајфунот Доксури во текот на викендот, со десетици луѓе загинати и исчезнати.
Во тек е спасувачка операција и во туристичкото место Јан во југозападната провинција Сечуан, каде што десетина посетители беа однесени од водата, јави Ксинхуа.