Свет

ВИДЕО Силна експлозија во фабрика во предградие на Москва – снимен моментот, има многу повредени…

ВИДЕО Силна експлозија во фабрика во предградие на Москва – снимен моментот, има многу повредени…

Експлозија одекна во фабриката во Сергеев Посад, предградие на Москва, изјави претставник на итната служба.

„Експлозијата одекна во оптичко-механичката фабрика во Сергеев Посад во близина на Москва“, рекол соговорникот на агенцијата.

Според извештаите, експлозијата се случила во магацин на пиротехнички средства.

Во тек е евакуација на работниците.

Според првичните информации, повредени се 52 лица. Пет лица би можеле да бидат под урнатините.

На местото на настанот излегла полицијата, како и гувернерот на Московската област Андреј Воробјов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни