Претседателот на Еквадор, Гиљермо Ласо денеска прогласи вонредна состојба во земјата по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио.
Вонредната состојба во Еквадор ќе трае 60 дена, а вооружените сили ќе бидат мобилизирани низ целата земја, објави весникот „Ел Универзо“.
Вонредната состојба во Еквадор ќе трае 60 дена, а вооружените сили ќе бидат мобилизирани низ целата земја, објави весникот „Ел Универзо“.
Вилависенсио беше еден од најжестоките критичари на поранешниот еквадорски претседател Рафаел Кореа и беше осуден на 18 месеци затвор за клевета на Кореа.
Подоцна доби политички азил во Перу.
Тој исто така беше независен новинар кој ја истражуваше корупцијата во претходните влади на Еквадор, по што влезе во политиката како борец против корупцијата.
Во својот последен говор, пред да биде убиен, Вилависенсио им вети на толпата дека ќе ја искорени корупцијата и ќе ги затвори „крадците“ во земјата.
Според анкетите на јавното мислење, Вилависенсио имал поддршка од 7,5 отсто од гласачите и бил петти најпопуларен меѓу претседателските кандидати.