Свет

И Кувајт го забрани прикажувањето на филмот „Барби“: „Промовира идеи кои се туѓи за нашето општество“

И Кувајт го забрани прикажувањето на филмот „Барби“: „Промовира идеи кои се туѓи за нашето општество“

Кувајтските власти го забранија прикажувањето на филмот „Барби“ со цел да се заштитат „јавната етика и општествените традиции“, објавија локалните медиуми.

Портпаролот на кувајтското Министерство за информации рече дека филмот „промовира идеи и верувања кои се туѓи за кувајтското општество“, објави КУНА, пренесува Ројтерс.

Одлуката на Кувајт беше донесена откако либанскиот министер за култура го забрани прикажувањето на филмот „Барби“ во кината во земјата, велејќи дека тој промовира хомосексуалност и сексуална трансформација и е против религиозните вредности.

Министерот Мохамед Мортада е поддржан од моќната шиитска вооружена група Хезболах, чиј шеф Саид Хасан Насрала ја засили својата реторика против ЛГБТ заедницата, тврдејќи дека таа претставува непосредна опасност за Либан.

Тој побара од либанското Министерство за внатрешни работи да ги преземе неопходните мерки за да се спречи прикажувањето на филмот.

 

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни