Балкан

Вујко на убиениот навивач: Му се јавив и му реков да внимава

Вујко на убиениот навивач: Му се јавив и му реков да внимава

Вујкото на 29-годишниот Михалис Кацурис, навивачот убиен во навивачка пресметка во Атина, даде емотивна изјава за грчката телевизија Open News. Ставрос Псимулакис беше видно потресен по загубата на својот внук, а особено во изјавата нагласи дека тој самиот го предупредил Михалис дека може да се случи вакво нешто.

“Михалис никогаш не озборувал и не зборувал лошо за никого. Работел чесно за својата плата и си го финансирал животот, целото наше општество го знае тоа. Неговата љубов беше АЕК, луѓето кои навиваат за АЕК и стадионот на АЕК”, рече тој. Псимулакис потоа додаде:

„Му се јавив и му реков да внимава. Ја поминаа границата, поминаа пола Грција и дојдоа овде. Нема ли никој да одговори? Некои знаеја за тоа и не си ја завршија работата. Ќе ги оплакуваме нашите деца, но злото мора да се запре. Дали нашиот министер треба да го направи тоа што го направи Тачер? Злото мора да се запре“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни