НЕРМИН Сулејмановиќ денеска во Градачац, Босна и Херцеговина уби три лица, меѓу кои сопругата и едно бебе. Сето ова го пренесуваше во живо на Инстаграм.
Станува збор за бодибилдер и фитнес тренер кој веќе и е познат на полицијата, пишува Дневни аваз . Додаваат дека тој бил познат член на нарко-бандата на Емир Коџаг.
Видеото е крајно шокантно, насекаде може да се види крв, а тој го снимил моментот во кој со пиштол ја убива сопругата.

„Тука можете да видите како изгледа убиство во живо“, рече тој пред да ја застрела жената.
Специјалци се на терен и потрагата по него е во тек.
ПРВО СООПШТЕНИЕ ОД ПОЛИЦИЈАТА
Полицијата извести дека се повредени уште неколку лица, но без дополнителни детали.
„Во Градачац машко лице употребило огнено оружје, при што според првичните информации се повредени неколку лица. Интензивно се трага по лицето. За инцидентот е известен кантоналниот обвинител. Полициски службеници се на лице место и се преземање на потребните мерки и дејствија.на терен се упатени екипи на полициската единица за посебна поддршка“, соопштуваат од МУП жупанија Тузла.