Балкан

Градоначалникот на Градачац: Убиени тројца, општината обвиена во црно

Градоначалникот на Градачац: Убиени тројца, општината обвиена во црно

Градоначалникот на Градачац, Едис Дервишагиќ за порталот „Аваза“ изјави дека ова е голема трагедија.

– Сите неофицијални информации. МУП има конкретни информации, можам да кажам што знам. За жал, нашиот мирен, вреден, доблесен град е обвиен во црно. Се случи голема трагедија. Како што неофицијално дознавам, се работи за семејна расправија која ескалирала и сега сме во ситуација, за жал, да броиме загинати и ранети – изјави Дервишагиќ за порталот „Аваза“.

Тој додаде дека според неофицијални информации загинале три лица, а неколкумина се ранети.

-Полицијата е на терен. Убиецот е во бегство. Се надевам дека многу брзо ќе биде уапсен. Во Градачац во моментов има своевидна вонредна состојба и очекуваме поконкретни информации од МНР. Специјалисти се на терен – изјави Дервишагиќ за порталот „Аваза“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни