На последното збогување се собра голем број луѓе
Семејството, роднините и пријателите во петокот се простија од Михалис Качурис, навивачот на АЕК кој загина во тепачката што се случи во понеделникот.
– Каде го носиш моето дете – праша мајката на убиениот додека ковчегот со синот ја напушта црквата под аплауз на присутните.
Со жолти цветови во рацете, пријателите на Михалиос и навивачите на АЕК го кажаа последното збогум пред црквата Свети Константинос во Елефсина. Со истите цветови и шаловите на АЕК беа украсени и градите.
Од општина Елефсина се огласија со соопштение во кое се наведува дека за време на погребот нема да има никакви спортски или културни настани, што навистина беше испочитувано.
Потсетуваме, нереди во Атина во понеделникот предизвикаа Бед Блу Бојс, навивачи на Динамо Загреб, во пресрет на натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите, кој на крајот беше одложен.