Свет

„Ало“ измами во Германија: Жена дала 200.000 евра и накит

„Ало“ измами во Германија: Жена дала 200.000 евра и накит

Телефонските измами  стигнаа и во Германија. Во Бон измамници украле 200.000 евра и накит од 81-годишна жена. За ова раскажува германското издание „Шпигел“.

Непозната жена му се јавила на пензионерот и се претставила како вработена во окружниот суд, информираат од полицијата во градот.

Измамникот во долг разговор ја натерал старицата да поверува дека нејзината ќерка некого убила и дека за да не оди во затвор треба да се платат повеќе од 200.000 евра. Бидејќи пензионерката ја немала целата сума, го дала и целиот накит.

Откако им го дала барањето на две жени кои ја чекале на улица, таа се вратила во својот стан. Исплашената пензионерка сепак одлучила да и се јави на ќерка си, па така дознала дека е измамена. Од полицијата известуваат и дека е поднесена пријава и во тек е истрага за случајот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни