Балкан

Нов инцидент со македонски автобус во Бугарија: Излетат од автопатот Струма

Нов инцидент со македонски автобус во Бугарија: Излетат од автопатот Струма

Нов инцидент со македонски автобус во Софија, Бугарија. Пред два дена излетал од автопатот „Струма“, дознава 4NEWS.mk

Македонски автобус останал на место цели два дена пред да биде преместен принудно од страна на полицијата.

Откако ги пренеле патниците до Македонија, една недела никој не доаѓал да го бара возилото, подигне од местото и отстрани. Полицијата во Ќустендил морала сама да го обезбедува автобусот, откако два дена ја чекала фирмата која им ветила дека ќе го направат тоа.

Дијана Русинова од Европскиот центар за транспортни политики го пријавила инцидентот.

„Поопасно беше тоа што автобусот влегуваше во една од лентите. Скандалозно е некој да паркира на лентата за итни случаи и да го напушти возилото“, објасни таа.

Раководителот на секторот „Патна полиција“ во Ќустендил Радослав Бојуклијски додаде дека се преземени итни мерки за обезбедување на автобусот од страна на полициски службеници.

„Претставник или сопственик на компанијата ќе дојде да ја плати сметката за автомобилот за репатријација. Ќе одговара за административен прекршок, со глоба од 50 до 150 лева“, појасни тој.

Пред речиси две години, македонски автобус излета од истиот автопат по што се запали на автопатот Струма, тогаш загинаа 46 лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни