Необична и нималку пријатна сцена денеска е снимена на црногорското приморје кај Херцег Нови.
Имено, една туристка која седела со своите деца пред хотелот во Мељина покрај пристаништето снимила ајкула како плива покрај брегот.
Ајкула пешикан, долга околу метар и половина, мирно пливала и кружела по пристаништето на зачуденост на туристите кои седеле на брегот не верувајќи во тоа што го гледаат.
Во црногорските води често може да се забележат песочни ајкули и се релативно чест улов на црногорските ловци, но и на оние кои ловат со мрежи, но денес нивниот број е значително намален.
Видеото погледнете го ТУКА!