Свет

Во Сирија од рано зори одекнуваат експлозии, никој не знае што се случува: Мета се магацини за проектили?

Во Сирија од рано зори одекнуваат експлозии, никој не знае што се случува: Мета се магацини за проектили?

Во близина на главниот град на Сирија, Дамаск, рано утринава се слушнале експлозии, јавија локалните медиуми, наведувајќи дека причината за експлозиите не е позната.

Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека експлозиите оштетиле складишта за ракети кои припаѓаат на проирански групи, пренесува Ројтерс. Во извештаите се наведува дека нема потврдени загинати или повредени, а не се знае што ги предизвикало детонациите.

За време на 12-годишниот конфликт во Сирија, Иран беше главниот поддржувач на сирискиот претседател Башар ал Асад. Проиранските милиции, вклучително и либанскиот Хезболах и шиитските, проирански фракции, контролираат делови од Сирија на исток, југ и север и во предградијата околу главниот град Дамаск.

Израел со години изведува напади врз цели поврзани со Иран, но ретко ги коментира спецификите на своите цели веднаш по воздушните напади.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни