Свет

Силен земјотрес ја погоди Русија

Силен земјотрес ја погоди Русија

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот брег на руската област Камчатка, соопшти Геофизичката служба на Руската академија на науките.

„Земјотресот беше под површината на морето. Најблиската населба е градот Петропавловск-Камчатски“, се наведува во соопштението.

Според Министерството за вонредни состојби, земјотресот не е почувствуван во населените места.

Нема опасност од цунами, а не се пријавени повредени или штети по земјотресот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни