Балкан

Проверете! Од маркетите се повлекува кулен, пронајдена е бактерија!

Проверете! Од маркетите се повлекува кулен, пронајдена е бактерија!

Државниот инспекторат на Хрватска соопшти дека од продавниците е отповикан производот Кулен 55 ВП , ЛОТ 90061995 и ЛОТ 90062876, со рок на траење до 16 септември годинава.

Повлекувањето се должи на идентификуваната бактерија Listeria monocytogenes , поради што производот не е во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр. 2073/2005 од 15 ноември 2005 година за микробиолошки критериуми за храна.

Производител на кулен е БЕРМЕС доо.

Во моментов нејасно е дали производот го има во Македонија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни