Данските воздухопловни сили пресретнале два руски бомбардери откриени над Данска кои се движеле кон воздушниот простор на НАТО, надгледуван од Холандија, соопшти денеска холандското кралско воено воздухопловство, цитирано од Ројтерс.
Во информацијата се вели и дека утринава полетале холандски борбени авиони Ф-16. Сепак, руските бомбардери беа пресретнати од данските воздухопловни сили пред да влезат во холандскиот воздушен простор и на крајот се вратија назад.
Портпаролот на холандските воздухопловни сили објасни дека авионите се пресретнуваат доколку немаат единствена шифра за идентификација, не даваат план за лет и немаат двонасочна комуникација.
Не е невообичаено руските авиони да влегуваат или да се приближуваат до воздушниот простор на некоја европска земја, истакна тој.
Ројтерс јавува дека не биле во можност да стапат во контакт со данското Министерство за одбрана.