Патник на лет на авио-компанијата Malaysia Airlines бил уапсен откако го принудил авионот да слета викајќи на патниците: „Дали сте робови на Алах ?“.
Драматично видео кое се појави на социјалните мрежи покажува човек по име Мохамед, кој себеси се нарекува „слуга на Алах“, како им вика на патниците. Во еден момент тој целосно се разбеснува и, покажувајќи со прстот кон еден човек, му вика: „Кажи! Кажи!“, пишува Daily Mail.
Исплашените патници на летот МХ122 Airbus А330 од Сиднеј до Куала Лумпур изјавиле дека во еден момент човекот го отпакувал ранецот и ја ставил раката внатре како да ќе извади нешто опасно од торбата.
Летачкиот екипаж подоцна го прегледал ранецот, но за среќа не нашле ништо непристојно во него.
Malaysia Airlines flight forced to turn back to Sydney when Muslim man demanded passengers say they are “Slaves of Allah”pic.twitter.com/bvbevH71xD
— Jayda Fransen (@JaydaBF) August 14, 2023
Авионот малку пред 16 часот по локално време принудно слетал повторно во Сиднеј и веднаш бил опколен од безбедносните служби, додека патниците во авионот биле преместени во друг дел од кабината.
45-годишниот маж кој викал набргу бил уапсен од полицијата, а обвинението се очекува во текот на денот.
Патниците кои биле во авионот подоцна на социјалната мрежа Твитер објавиле дека сите се извадени од авионот и ставени во чекалната на аеродромот и дека сите ќе бидат испрашани од полицијата пред да добијат нови инструкции.
На видеото се гледа како член на кабинскиот екипаж се соочува со бесниот патник, а описот гласи: „Аеродромот во Сиднеј е малтретиран од овој лудак. Се молам сите да поминат неповредени. Каде се безбедносните служби ? Веќе помина еден час откако авионот слета во Сиднеј“.
#Sydney Airport is suffering at the hands of this lunatic #MH122 pic.twitter.com/tfZXHRsrAr
— Crude Macro 🛢️ (@MacroCrude) August 14, 2023
Во друго објавено видео, истиот патник додава: „Овој лудак станува се поагресивен и кутрите луѓе во авионот сè уште чекаат безбедносните служби да го однесат кај Алах. Што се чека на аеродромот во Сиднеј ?“.
Друг патник напишал: „Овој човек требаше да биде запрен на влезот пред да се качи во авионот. Неговите постапки се вознемирувачки од самиот почеток. Авионот мораше да се врати во Сиднеј поради овој идиот кој се закануваше на екипажот и на патниците на авионот“.
#Sydney Airport is suffering at the hands of this lunatic #MH122 Praying for everyone's safety and well being.
Where is Airport security?! Its been well over an hour since the plane has landed back!!! pic.twitter.com/671o2pB4SS
— Crude Macro 🛢️ (@MacroCrude) August 14, 2023
Некои патници кажале дека се чувствувале многу вознемирени кога виделе противпожарни возила околу авионот и додале дека на човекот што ја упатил заканата треба да му се забрани доживотно да патува со авион.
Портпаролот на аеродромот во Сиднеј за тамошните медиуми изјавил: „Поради настаните попладнево, моравме да откажеме 32 домашни летови, додека другите летови доцнеа во просек по 90 минути. Во моментов, ниту еден меѓународен лет не е откажан. Од патниците се бара да го проверат статусот на нивниот лет“.
Оттаму додаваат дека сите патници од летот MH122 ќе бидат префрлени на други достапни летови.