На улица во центарот на Будва дошло до тепачка, по што еден од актерите со автомобил прегазил млад човек кој лежел на патот. Иако на снимката јасно се гледа размената на удари и прегазувањето од автомобил, полицијата неофицијално соопшти дека инцидентот бил пријавен во обвинителството, но таа институција не презела никакви чекори бидејќи актерите на тепачката претходно се смириле.
На видеото доставено до „Вијести“, се гледа како еден од учесниците во тепачката на улицата Медитеранска во Будва како влегува во џип и се вози преку нозете на повреден млад човек кој лежи на сред пат.
Од полицијата неофицијално за „Вијести“ велат дека ги привеле сите учесници во инцидентот на кој му претходела сообраќајна несреќа.
Младите, наводно, пред инспекторите тврделе дека биле излезени ноќе, и дека имале недоразбирање што го измазнувале. Никој од нив не сакаше да поднесе пријава. Друг извор на Вијести тврди дека актерите биле обвинети за прекршок.
Видеото можете да го погледнете ТУКА!