Во Босна и Херцеговина на 16 август е Ден на жалост за тројното убиство што на 11 август се случи во Градачац.
Оваа одлука беше донесена поединечно од владите на ентитетите, дека треба да има Ден на жалост на ниво на секој од двата ентитета (Федерација на БиХ, Република Српска), откако Советот на министри на БиХ немаше национален кворум за донесе одлука, јавува Радио Слободна Европа (РСЕ) .
Во Градачац на 12 август е прогласена тридневна жалост, а на 14 август е прогласен и Ден на жалост во кантонот Тузла.
Во Градачац, на северот на Босна и Херцеговина, на 11 август беше извршено тројно убиство, а во нападот беа ранети три лица.
Нермин Сулејмановиќ ја убил својата невенчана сопруга Низама Хеќимовиќ која неколку дена претходно го пријавила во полиција за насилство.
Убиството го пренесувал во живо на својот Инстаграм профил кој подоцна бил отстранет, а при полициската акција извршил самоубиство.
Министерството за внатрешни работи на кантонот Тузла спроведува истраги за време и по масовното убиство и обидот за убиство на три лица во Градачац, објави во понеделникот Кантолното обвинителство.
Истиот ден во повеќе градови на Босна и Херцеговина се одржаа граѓански протести против насилството предизвикано од тројното убиство во Градачац.