Балкан

По смртта на грчки навивач: Вонредни безбедносни мерки во пресрет на натпреварот од Суперкупот на УЕФА

По смртта на грчки навивач: Вонредни безбедносни мерки во пресрет на натпреварот од Суперкупот на УЕФА

Во грчката престолнина се воведени вонредни безбедносни мерки за денешниот дуел од Суперкупот на УЕФА. На стадионот на Олимпијакос се соочуваат „Манчестер Сити“ и шпанската „Севиља“.

Натпреварот ќе се игра 10 дена откако грчки фудбалски навивач загина во крвави фудбалски судири пред средбата меѓу АЕК и Динамо Загреб.

Пред натпреварот од Суперкупот за денеска е закажана средба на претседателот на УЕФА Александар Чеферин со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис. Двајцата ќе се сретнат и со сопствениците на четирите најголеми фудбалски клубови во Грција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни